Над 200 деца од Ѓорче Петров кои спортуваат на стадионот „Македонски лавови“ за време на летните распусти покрај спортските активности ја покажаа и својата хуманост.
Забавната фудбалска школа која постои повеќе од 15 години е наменета за деца од 6-11 години.
Фудбалска школа од Ѓорче Петров донираше играчки и училишен прибор за децата од предшколска возраст од населбата Шуто Оризари. Хуманитарната акција водена под мотото „Играчката моја нека биде твоја“ наиде на голем интерес кај младите спортисти кои овојпат беа мотивирани преку тимската работа да ги покажат своите хуманитарни цели.
Голем број на играчки , моливи , тетратки и секаков училишен прибор се само дел од собраните предмети кои беа доделени на дневниот центар за работа со деца од предшколска возраст со кој раководи НВО Амбрела- Шуто Оризари. Останатиот дел од хуманитарните предмети ќе бидат подарени во други центри за работа со деца.