Дополнителна воена обука за руските резервисти

Руски резервисти во сите воени окрузи од август до октомври ќе мора да спроведат воени вежби, на кои ќе имаат и дополнителна обука, соопшти денеска МО на Русија.

„Голем број граѓани ќе бидат повикани на воени вежби, каде ќе имаат обука по специјалноста, во зависност од родот на војската во кој служеле“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека воена обука ќе имаат во родот врски, артилерија, инженерија, авто-единици, погранична флота, единици за материјално и техничко опслужување и тоа директно во касарните. МО наведува дека посебно внимание ќе биде посветено на обука со ракување со ново оружје како и нова и специјална техника. Воените вежби ќе се спроведат по Указот на претседателот Владимир Путин од 27 јуни оваа година.