ЕУ планира да даде дополнителна итна хуманитарна помош во износ од 13 милиони евра за бегалците на балканската рута. Како што вчера информира Европската Комисија, помошта првенствено ќе биде насочена за бегалците од Србија и Македонија, пренесува Б92.
Со оглед на тешките зимски услови со коишто се соочуваат голем број бегалци на балканската рута, оваа дополнителна хуманитарна помош ќе обезбеди основни средства како што се привремено сместување, храна, вода, лекови и санитетски материјали, изјави еврокомесарот Кристос Стилианидес.
Со вчерашната најава, тоталната хуманитарна помош за Западен Балкан ќе изнесува 21,74 милиони, се вели на веб сајтот на ЕК.