Досега 1.079 деца примиле МРП вакцина

МРП вакцина вчера до 19 часот примило 21 дете.  Досега се вакцинирани 1.079 деца. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), соопшти синоќа Министерството за здравство.

Од Министерството за здравство апелираат до сите родители да ги вакцинираат своите деца. МРП вакцината е висококвалитетна, а производител е компанијата Глаксо Смит Клајн од Белгија, посочуваат од Министерството.

Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, денеска ќе работат од 07:30 до 13 часот.