Досега 29 жртви на епидемијата на грип во Хрватска

Според податоците на Заводот за јавно здравје на Хрватска, во последните седум дена од грип починале уште 20 луѓе, со што вкупниот број на жртви на грип до вчера достигнал 29 лица.

Претставници на Заводот рекле дека динамиката на движењето на бројот на болни од грип годинава е на ниво од претходната.

Исклучок е втората седмица од почетокот на сезоната во која е регистриран поголем број заболувања во споредба со истиот период минатата сезона.

Докторот Фран Михаљевиќ од Инфективната клиника изјавил дека епидемијата го достигнала врвот, и дека нема повеќе вакцини.