Бројот на жртвите од земјотресот од крајот на минатата седмица во Тајван денеска достигна 59 луѓе, соопшти тајванското Министерство за внатрешни работи, пренесува МИА повикувајќи се на БТА.
Состојбата е неизвесна за уште 76 лица, за кои се смета дека се блокирани во рушевините на урнатата зграда во тајванскиот град Тајнан.
Катниот комплекс „Вејгуан Голден драгон“ е единствената градба која се урна во земјотресот од минатиот петок, а инаку земјотресот предизвика само помали штети.
За рушењето на градбата беше отпочната и посебна истрага, а инаку земјотресот разоткри дека при изградбата за прицврстување на носечките ѕидови биле користени конзерви од масло.
Повеќе за ова на следниот линк.