
До Државната изборна комисија (ДИК) до 15 часот и 30 минути не се поднесени приговори за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните изобри, информират за МИА од ДИК.
Портпаролката на Комисијата Радица Тодоровска Алексовска посочува дека рокот за избирaчко право, претседателските избoри завршија во 19 часот, а за сумирање на резултатите во 22 и 30 часот, додека за парламентарните избори тоа се 19 часот и 23 и 30 часот.
ДИК по завршувањето на овие рокви, доколку нема приговори, ќе го достави извештајот со конечните рeзултати од претседателските избори до Собранието, а потоа се очекува претседателот на Парламентот, Јован Митрески, да ја закаже седницата во недела напладне за инаугурација на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова.
На 8 мај во земјава се одржаа двојни избори, вториот круг од претседателските избори на кои победи Гордана Силјановска Давкова и прламентарните избори на кои најмногу мандати освои ВМРО-ДПМНЕ.