Досега во Македонија се потврдеи шест смртни исходи како последици инфекција со коронавирусот а кои биле вакцинирани со три дози против коронавирусната болест Covd-19, потврди во четвртокот вечерта претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски, во текот на неговоти гостување во дневникот на ТВ Сител.
Според него, постојат повеќе причини зошто имаме висок број на починати од почетокот на пандемијата, а меѓу нив се влошеното здравје, недоволниот опфат на имунизацијата, недостатокот на медицински лица…
„Сакам да упатам апел лекарите да не даваат антибиотици на заболените во првите четири дена со инфекцијата, рече Петличковски, додавајќи дека клиничар доктор треба да процени кога и дали има потреба од тестирање и проверка на крвна слика.
„Се тестира и кога треба и кога не треба. Треба да се направат индикации кога треба да се анализираат д-димери“, додаде Петличковски.