Нема никаква несакана реакција од клиничко значење при вакцинацијата која се спроведува во земјава, а да е пријавена во Агенција за лекови и медицински средства, МАЛМЕД, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
– Од досега вакцинираните 15.000 граѓани и 500 денеска нема несакани реакции. Одлично оди процесот на вакцинација во салата „Борис Трајковски“. Денеска се вакцинираат дел од здравствените работници и наставничките од прво до трето одделение – рече Филипче.
Првиот случај со тромбоцитна реакција беше регистриран кај 28-годишна девојка неодамна, откако таа во Србија ја примила вакцината на „Астра Зенека“.
Девојката, како што е познато, добила реакција седум дена по примањето на вакцината. Според лекарите, таа претходно немала други хронични заболувања. Пациентката веднаш беше хоспитализирана и помина во добра здравствена состојба.