Дошла да се запознае со свекорот, па сфатила дека ја минале ноќта заедно

Неколку недели пред свадбата, потенцијалната невеста доживеала шок откако се запознала со таткото на нејзиниот вереник.

Сфатила дека веќе го познава и дека во една прилика, пред да се сретне со својот свршеник Тони, имале „пијан“ секс за една ноќ, пренесува „Дејли меил“.

„Тоа се случило пред неколку години, кога сè уште не го познавав својот вереник. Тогаш претпочитав постари мажи“, рече таа.

За време на средбата и официјалното запознавање, забележала дека нејзиниот иден свекор ја препознал.

„На лицето му видов дека ме препозна. Јас се насмевнав, му подадов рака и реков дека ми е мило што конечно го запознав бидејќи Тони многу ми раскажувал за него“, открива таа.

Инаку, по разводот од мајката на Тони, свекорот поголемиот дел од времето го поминува на јахтата со многу помладата партнерка Марни. За среќа, по запознавањето, тие брзо го продолжиле своето патување.

Тони и неговата сопруга се во брак четири години, а таа, како и нејзиниот свекор, никогаш не кажала никому за ноќта што ја поминале заедно.

„Тој доаѓа да нè посетува еднаш годишно. Пристојно се смеам додека е таму, но тоа е мала цена за криење на тајна како оваа“, заклучи таа.