Дoстоинството и дигнетот на ДПМ го спасува претседателката на собранието Кристина Николовска

По оставките на 8-те члена на претседателството на Друштвото на писателите на Македонија и по реакцијата на повеќето членови на ДПМ за оставките, но и барање оставка на Христо Петрески, тој поднесе оставка од здравствени причини…. Но тоа не е сѐ, оти веднаш по оставката на Христо Петрески, според Статутот на Друштвото на писателите на Македонија, претседателката на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија, Кристина Николовска на 10. октомври закажува Вонредно изборно собрание кое треба да се одржи на 25. ноември поради актуелните состојби. И сѐ би било во ред, ако претседателот во оставка Христо Петрески, недела дена по својата првична оставка не ја повлече претходно поднесената оставка, па агонијата околу состојбите во ДПМ продолжи уште четири дена, сѐ до вторникот 17. октомври, кога претседателката на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија, Кристина Николовска, го прави најмудриот потег за да се спаси достоинството и честа на Друштвото на писателите на Македонија, а тоа е потврдување на Вонредното изборно собрание, со кое всушност, таа како претседателка на Собранието му дава вистинска насока на ДПМ, недозволувајќи претседателот Христо Петрески да си игра со 76-годишното достоинство на Друштвото на писателите на Македонија.

Со овој нејзин потег, со кој всушност, уште еднаш категорично го потврди датумот на Вонредното изборно собрание, само може да се каже дека таа во секоја смисла на зборот заслужува почит. Притоа, могумина од писателите застанаа зад нејзиниот потег, а тоа е свикување на Вонредно изборно собрание, со што лично таа како претседателка на Собранието на ДПМ прави мудар потег за спас на ДПМ…. Секоја чест за стабилноста, достоинството, сериозниот однос и дигнитет на Кристина Николовска, претседателка на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија која во актуелните состојби и турболенции успеа да го сочува дигнитетот на асоцијацијата и на македонската книжевност и култура, покажувајќи капацитет за натамошен раст на ДПМ и негово непречено функционирање, почитувајќи ги статутарните одредби на Друштвото на писателите на Македонија…