Довербата на американските потрошувачи на најниско ниво

Довербата на американските потрошувачи падна на најниско ниво во последните девет месеци во ноември под притисок на растот на цените и тековната загриженост за пандемијата на коронавирусот.

Конференцискиот одбор (Conference Board) соопшти дека неговиот индекс на доверба на потрошувачите паднал на 109,5 поени овој месец од 111,6 поени во октомври. Ова е најниската вредност на индикаторот откако падна на 95,2 поени во февруари и не го вклучува ефектот од појавата на варијантата Омикрон на коронавирусот.

Загриженоста за растот на цените, и во помала мера сојот Делта, беа главните фактори за трендот на опаѓање, соопшти Конференцискиот одбор.

Оваа недела, индикаторот за доверба на потрошувачите, составен од Универзитетот во Мичиген, падна уште повеќе – на десетгодишно ниско ниво од речиси истите причини.