
Амбасадорката на Велика Британија во земјава, Рејчел Галовеј, внимателно ги следеше резултати од истражувањето на Фондацијата за демократија на Вестминстер презентирани во средата и ги оцени како поразителни.
Младите се нашата иднина. На нив треба да гледаме како на отворен ум, искреност, социјална одговорност, информираност, глобална поврзаност. Резултатите се разочарувачки. Само три отсто од нив се задоволни од своето место во општеството. Шестмина од десет младу луѓе размислуваат да ја напуштат земјата за подобар стандард. Огромен процент од нив сметаат дека на никој начин не можат да влијаат на состојбите во земјата. Само со инвестирање во младите може државата во иднина да има подобри лидери. Сите институции во земјата треба да ги имаат младите повисоко на својата агенда. Нивната доверба во институциите е ниска. Тука сум да ги охрабрам да се ангажираат општествено да го кренат својот глас. Вие ја обликувате иднината, вие треба да го направите општеството подобро, поотворено, поинклузивно“, рече Галовеј.
Амбасадорката на Обединетото Кралство, додаде дека сепак е оптимист во поглед на определбите на младите генерации, но порача дека општеството мора итно да реагира.
Јас ја гледам денешната младина отворена за идеи, инклузивна, брутално искрена и социјално одогворна, свесна за животната средина, информирана и глобално поврзана. Ние сакаме да ја ангажираме младината и да ја зголемиме нивната вклученост. Ние мораме да го видиме светот низ нивните очи. Општеството мора да реагира итно, бидејќи сите ние знаеме колку е важно да имаме силна и здрава младина, истакна Галовеј.