Седум од десет Американци изразиле мала доверба во способноста на претседателот Џо Бајден да се справи со руската агресија врз Украиба, и одобрувањето за неговата работа паднало на 40 отсто на најниското ниво од неговото претседателствување во услови на страв од војна и инфлација, покажува анкетата што ја објави американската телевизиска мрежа NBC News.
Истовремено 8 од 10 испитаници изразиле загриженост дека војната во Украина и западните санкции воведени поради тоа ќе ги зголеми цените на горивата и од евентуалното користење на нуклеарно оружје во судирот.
Во прилогот се наведува и дека во текот на најголемиот скок на инфлацијата во САД последните 40 години, „огромо мнозинство“ рекле дека веруваат оти земјата се движи во погрешна насока и не го одобруваат начинот на кој претседателот управува со економијата.
Повеќето од половината Американци веруваат дека земјата ќе влезе во долгорочна рецесија што ќе доведе САД да ја загубат водечката позиција во светот.
Учесниците во истражувањето на јавното мнение биле прашани дали актуелната ситуација во земјата ја гледаат како „тежок период“ или „почеток на долгорочен пад по кој САД повеќе нема да имаат водечка позиција во светот“.
Според добиените резултати, 53 отсто од испитанциите одговориле дека моменталната ситуација во САД е „почеток на долгорочен пад“, за 44 отсто ситуацијата ја опишале како „тежок период“. На пример, во декември минатата година 48 од испитаниците изразија очекување за продолжен пад, а во ноември тој показател изнесуваше 54 отсто, се наведува во студијата.
Американците, исто така, биле прашани за нивното ниво на доверба во способноста на Бајден исправно да одговори на ситуациајта околу Украина. Само 12 отсто се „целосно сигурни“ во претседателот, 27 отсто се „уверени во мала мера“, а 44 отсто имаат „исклучително мало ниво на доверба“.
Анкетата покажува дека некои од главните наоди од националното истражувањето на NBC News, покажале дека севкупниот рејтинг на Бајден односно одобрување на неговата работа се намалил на 40 отсто, односно најниското ниво откако влезе во Белата куќа. Истовремено 55 отсто целосно не ги одобрувале постапките на американскиот претседател, се наведува во прилогот.
Истовремено, истатата анкета покажала дадека Републиканската партија има предност од 2-процентни поени за тоа која партија треба да го контрилира Конгресот пред ноемвриските избори на средината од мандатот.
Анкетата била спроведени од 18-ти до 22-ри март на примерок од 1.000 испитаници, од кои 750 одговарале со мобилен телефон, а маргината на можната грешка се движи меѓу 3,1 и 3,49 отсто.