Њет значи њет: Руските црвени линии за НАТО проширувањето се вели во еден документ објавен во Викиликс, а кои ги кажал Амбасадорот Вилијам Џ. Барнс. Причини 1.4 (б) и (г).
(Ц) Резиме. По пригушената прва реакција на намерата на Украина да бара Акционен план за членство во НАТО (МАП) на самитот во Букурешт (реф А), министерот за надворешни работи Лавров и другите високи претставници го повторија силното противење, нагласувајќи дека Русија ќе гледа на натамошното проширување кон исток како потенцијална воена закана.
Проширувањето на НАТО, особено кон Украина, останува „емоционално и невралгично“ прашање за Русија, но стратешките политички размислувања, исто така, се во основата на силното противење на членството во НАТО на Украина и Грузија. Во Украина, тука се и стравувањата дека ова прашање потенцијално може да ја подели земјата на два дела, што ќе доведе до насилство или дури, тврдат некои, граѓанска војна, што ќе ја принуди Русија да одлучи дали да интервенира. Дополнително, ГОР и експертите продолжуваат да тврдат дека украинското членство во НАТО ќе има големо влијание врз руската одбранбена индустрија, руско-украинските семејни врски и генерално билатералните односи. Во Грузија, ГОР стравува од продолжување на нестабилноста и „провокативните акти“ во сепаратистичките региони.