Италијанецот Андреа Довициозо триумфираше на денешната трка во „кралската класа“ во Мото ГП шампионатот што се возеше за Големата награда на Чешка на патеката во Брно. Ова е втора победа за возачот на Дукати сезонава, откако славеше на првата трка во Катар.
Довициозо ја задржа пол позицијата, иоткако во последните неколку кругови успеа да одолее на нападите на клупскиот колега Хорхе Лоренцо. Шпанецот, пак, во последните два круга беше под постојан притисок од лидерот во генералниот пласман Марк Маркез, но го освои второто место.
Италијанецот половина трка ја помина во дуел со Валентино Роси, кој одлично стартуваше и од втората позиција го презеде првото место од сонародникот кој успеа да се врати напред. Роси на 12 круга пред крајот пак успеа да го помине Довииозо и да направи предност од три десетинки. Но Дукати ја покажа силата па Довициозо за два круга успеа да го врати водството, кое во самиот финиш само еднаш му го препушти на Лоренцо.
Роси поради проблем со гумите забави па го претекоа и Маркез и Лоренцо, па и Кал Крачлоу.
Италијанецот, сепак, во последниот свиок го помина Крачлоу и го освои четвртото место.Тој ги освои единствените поени за фабричката Јамаха, откако Маверик Вињалес се откажа упте на стартот по дуелот со Штефан Брадл. Петти беше Британецот, а меѓу десет уште се најдоа и Петручи, Зарко, Педроса, Баутиста и Јаноне.
За Дукати ова беше прва победа во Брно по 2007, кога триумфираше Австралиецот Кејси Стонер.
Во генералниот пласман лидер остана Маркез со 181 бод, пред Роси со 132, трет е Довициозо со 113, Вињалес има 109, а Лоренцо 105.