![dozd vo prolet](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/dozd-vo-prolet.jpg?resize=600%2C399&ssl=1)
Во земјава ќе биде променливо облачно од претпладне со локален дожд, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер и услови за појава на град.
Утринската температура ќе се движи од шест до 15 степени, а дневната температура ќе се движи од 13 до 26 степени.
Во Скокпје ќе биде променливо облачно од претпладне со локален дежд, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.
Утринската температура ќе достигне до 13, а дневната температура ќе достигне до 22 степени.
Во следните денови ќе продолжи влијанието на циклонска активност од Медитеранот и над Балканот па ќе се задржи променливо, повремено и нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град. Од петок се очекува постабилно и значително потопло време.