Дождот поплави неколку населби во битолско, од власта ни трага ни глас

Дождот кој што вчера попладнето обилно почна да врне во Битола ги поплави улиците во населбата Боримечка.

Фотографиите се од улицата Индустриска. Всушност, тука минува Курдерес – реката каде што се влева фекалната канализација од цел град.

 

Доколку врнежите продолжат со истиот интензитет веројатноста за изливање и поголеми штети во домовите е голема.

Граѓаните се самоорганизираат и прават насипи, додека надлежните никаде ги нема.