Дожд и ветер денеска низ Македонија

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно и ветровито.

Во вечерните часови услови за слаби врнежи од снег ќе има во западните предели. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен источен ветер. Ветерот локално ќе достигне брзина и до 30 км/ч.

Утринските температури ќе се движат од -3 до 4 степени, а дневните температури од 3 до 9 степени.

Во Скопје и околината денеска  ќе биде претежно облачно и ветровито. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура од еден степен , а дневната ќе достигне до 7 степени.

И утре  во Македонија ќе биде претежно облачно и ветровито со   локални врнежи од дожд и снег ќе има во западните, северозападните и југозападните предели.