Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено претпладне не’ очекува денес. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи до пет до 13 степени, а дневната од 11 до максимални 19 степени.
Во Скопје и околината ќе има слично време. Утринската температура е 9 степени, а максималната дневна 16.
Метеоролозите за вторник најавуваат променливо облачно време, попладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Слично време не’ очекува цела недела.