Сто и четириесет литри на метар квадратен наврна дожд во Пелагонија изминативе денови, нешто што земјоделците го сметаат за благодет и радост за есенските посеви.
Вељо Тантаров од Сојузот на земјоделци вели ќе имаме богата и родна година како никогаш досега но треба земјоделците после дождот да излезат по нивите и да контролираат од болести и штетници.
Во планот за плодна година со големи очекувања околу приносите, Татнтаров истакна дека на ред е планот за токупот.
Со досегашниот министер за земјоделие Димовски одржале средба околу преговорите со мелничарите за начинот на откупот на пченицата, рече Тантаров.
Грижата пак од големите дождови е заради пролетните посеви.
Пролетната седиба е прекината и не се посадени пченките и другите култури иако стручњаците велат дека седибата може до крајот на мај да се спроведе сепак ќе има проблеми во фазата на зреење и прибирање вели Тантаров.
Молитвите на земјоделците од сега натаму ќе бидат дождот да престане, велат од Сојузот на земјоделци.