Поради врнежите од дожд поплавени се земјоделски површини во Куманово и Кочани, а во Штип, Радовиш и во Крива Паланка нивото на реките се приближува до критично ниво и не е исклучено нивно излевање ако дождовите добијат на интензитет.
Според информациите на Дирекцијата, во општина Куманово дошло до подигнување на нивото и излевање на реката Кумановка кај селото Доброшане при што се поплавени 20 хектари земјоделска површина, додека кај селото Довезенце излеана е Крива Река и поплавени се 10 хектари.
Во општина Кочани излеана е Злетовска река кај селото Ново Селани и поплавени се оризови полиња. Во Штип по барање на општината доставени се 1000 вреќи за песок заради изградба на заштитен насип на бунарите кај реката Брегалница.
Покачено ниво на реките и водотеците во општина Радовиш, како и нивото на реките Крива река и Дувачка во Крива Планка но зесега таму нема излевање.