Доживотен затвор за обвинетите од „Монструм“!

Доживотна казна затвор добија шест од седумте обвинети за петкратното убиство кај Смиљковското езеро. Ослободителна пресуда му беше изречена на Сејди Рама.

Двајца од нив, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, пресудата ја дочекаа во затвор во Косово. За нив е поднесено барање за екстрадиција, но, засега нема одговор од Приштина.

Петте момчиња беа егзекутирани на 12 април, пред две години, на големиот христијански празник, Велики Четврток.