Доживотна казна за возачот кој влета во карневалска поворка во Германија

Судот во Касел го осуди во четвртокот Морис Пахлер на доживотна затворска казна поради тоа што на почетокот од 2020 година со автомобил влета во карневалска поворка и притоа повреди речиси 90 лица, меѓу кои и 20-ина деца.

Покраинскиот суд во Касел, во сојузната покраина Хесен, го прогласи Пахлер виновен за обид за убиства и нанесување тешки телесни повреди во 88 случаи. Сега 31-годишниот Пахлер на 2-ти февруари 2020 година со својот автомобил со полна брзина влета во карневалската поворка во местото Фолкмарсен, на северот на Хесен.

Доживотниот затвор е најстрогата можна казна во Германија. Судот утврдил дека станува збор за особено тешка вина, што значи дека неговата казна автоматски по 15 години би била продолжена.

Германската јавност особено беше огорчена од овој дел, имајќи предвид дека во карневалската поворка имало и многу деца, од кои притоа 26 се повредеи.

Морис Пахлер, кој беше уапсен на самото место, во текот на судењето не даваше искази, така што не е утврден мотивот на ова кривично дело.