Доживотна затворска казна за главниот обвинет за тероризам во Париз

Главниот обвинет на судењето за исламистичките терористички напади од 13-ти ноември 2015 година во Париз со 130 жртви и 350 ранети, Салех Абдеслам, е осуден на доживотен затвор, објави парискиот суд во средата ноќта.

Поротата 32-годишниот Французин ги прогласила виновен за соучесништво на убиствата за кои е одговорна терористичката организација Исламска држава.

Абдеслам, кој се смета за единствениот преживеан од терористичката ќелија која го изведе нападот, нема да добие прави на намалување на пресудата пред да отслужи в затвор 30 години. Тој веќе беше осуден на 20 години затвор во Белгија поради престрелката со полицијата при апсењето.

Абдеслам на почетокот од судскиот процес пркосно изјави дека бил „војник“ на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, која ја презема одговорноста за овој но и за други напади ширум Франција и Европа.

Долги затворски казни веќе им беа изречени на други обвините, и 19 од 20 обвинети се прогласени за виновни по сите точки од обвинението.

Концертната сала „Батаклан“, шест кафулиња и ресторани, како и стадионот „Стад де Франс“ во центарот на француската престолнина беа цели на повеќечасовниот напад кои ја потресоа и длобоко ја променија Франција.