ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

-Се одржа Централното собрание на ДПА на кое едногласно беше одобрен предлогот на претседателот Мендух Тачи, на претседателските избори на 24 април и на парламентарните избори на 8 мај, дека ДПА треба да влезе во коалицијата со Европскиот фронт, информираа од одделот за информирање при ДПА.

Според информацијата од ДПА, потпишувањето на коалицискиот договор ќе се случи во понеделник во Тетово. Договорот ќе го потпишат партиските лидери Мендух Тачи и Али Ахмети.