Пратеникот на ДПА, Газмент Алиу, денеска упати остри критики до партијата на Али Ахмети дека немаат отворено ниту една фабрика или донесена инвестиција.
Во Собранието каде се расправа за Буџетот, Алиу го ислуша говорот на министерот за финансии и истакна дека во него често се споменува големата важност од странските инвестиции.
„Заменик премиерот, Ставрески, рече дека 20 отсто од извозот се обезбедува во слободните економски зони, но вие што направивте? Тетовската развојна зона, ја претворивте во јавно-приватно партнерство. До ден денес, немате ниту една инвестиција во таа зона. Немојте да заборавите, од 2007-ма година: Бунарџик, Штип, Битола, Гевгелија, Струмица и многу други градови, се отворија, се завршија и тоа со парите на Албанците. Но во една зона, вие тоа го запоставивте,“ обвини Алиу.
Тој пратениците од ДУИ ги обвини дека не работат на привлекување на странски инвестиции, а за споредба посочи дека ВМРО-ДПМНЕ дека е посветена токму на тоа прашање.