Драчево, Моране и Студеничани утре ќе останат без вода

Од Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“ известуваат дека на ден 07.07.2023 година (петок  поради промена на затварач од ф – 250 мм на улицата „Јустинијан Први“ б.б, без вода ќе останат корисниците од селата Драчево, Моране и Студеничани, како и корисниците од викенд населбата Моране.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09:00 часот па се до завршување на работата.