Драган Ѓилас поднесе оставка на местото шеф на пратеничката група на Демократската партија (ДС) во Собранието, откако за нов претседател е избран Бојан Пајтиќ, пишува Денес повикувајќи сe на врвот на партијата и додава дека Ѓилас ќе остане пратеник на демократите во парламентот.
По изборите за нов претседател и потпретседател на партијата, остана уште именување на заменик претседател на ДС што се очекува во текот на овој месец на наредната седница на Главниот одбор.