Познатиот македонски водител, пејач и композитор Драган Вучиќ почина денеска на 65-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврдил синот, Мартин Вучиќ.
Како што јавуваат дел од медиумите, причина за смртта на Вучиќ е коронавирусот. Тој бил позитивен на Ковид-19 и хоспиталиран на Инфективната клиника во Скопје.
По влошување на здравствената состојба, Вучиќ бил ставен на респираторна машина, но за жал, не ја доби битката со вирусот.
Компонирал голем број македонски хитови, меѓу кои најпознати се: „Свирете ја зајди, зајди“, „Ангели ме носат“ и „Кажи ѕвездо“. Беше автор и на песната „ Make My Day“, со која Мартин Вучиќ настапи на „Евровивија 2005“.
Познат е во јавноста по бројните емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вучиќ“ и последната „Гурмански приказни“.
Фестивалот „Макфест“ на својата официјална Фејсбук страна во сеќавање на Вучиќ ја објави песната „Свирете ја зајди, зајди“ која тој ја има компонирано.