Драги ги повика Г20 да „сторат сѐ“ во заштитата на правата на Авганистанките

Италијанскиот премиер Марио Драги ги повика во земјата членките на групата индустриски најразвиени земји Г20 да „сторат сѐ што е во нивната моќ“ за да ги заштитат правата на Авганистанките на коишто им се „заканува опасноста повторно да станат граѓани од втор ред“ под талибанскиот режим.

„Не се залажувајте: на авганистанските жени и девојки им се заканува директна опасност од губењето на слободата и достоинството, како и враќање во тешката позиција во каква што беа пред дваесет години“, истакна Драги чијашто земја претседава во Г20.

„Тие би можеле повторно да бидат граѓани од втор ред, жртви на насилство и системска дискриминација, само поради својот пол“, истакан италијанскиот премиер упатени на првата министерската конференција Г20 за правата на женмите одржана во четвртокот во Санта Маргарите Лигуре, на северот на Италија.

Земјите од Г20 „мора да сторат сѐ што е во нивната моќ за да можат авганистанските жени ги зачуваат своите темелни слободи и права, во прв ред правото на образование. Напредокот остварен последните дваесет години мора да се зачува“, истакна Драги.

„Не можеме да ги затвораме очите и не го сакаме тоа. Не можеме да го дозволиме одземањето на темелните права, насилството и злоупотребувањето“, истакна Елена Бонети, министерката за рамноправност и семејство која претседаваше со состанокот.

По преземањето на власта на 15-ти август, талибаните се обидуваат да ја убедат светската јавнсота дека се променети, тврдејќи дека ќе ги гарантираат правата на жените „почитувајќи ги исламските закони“, како и дека тие ќе може да се образуваат и да работат.

Меѓутоа, многу Авганистанци и претставници на меѓународната заедница отворено се сомневаат во таквите ветувања.

На жените во минатиот талибански режим од 1996 до 2002 година беше забрането жените да излегуваат без машка придружба и да работата, а на девојките да одат во училишта. Жените обвинете за прељуба беа камшикувани и каменувани до смрт.