Бугарскиот премиер Кирил Петков во вторникот во Народното собрание соопшти дека Драгомир Заков е новиот предлог за министер за одбрана.
Драгомир Заков е професионален дипломат од кариера и од 2019 година е постојан претставник на Бугарија во седиштето на НАТО во Брисел.
Во понеделникот премиерот Петков побара оставка од министерот за одбрана Стефан Јанев поради објава на Facebook и ја објави кандидатурата на познатиот експерт Тодор Тагарев, кој во 2013 година веќе беше министер за одбрана во преодната влада на Марин Рајков. Петков ја координирал промената со другите коалициски партнери, а го информирал и бугарскиот претседател Румен Радев.