Драма синоќа кај „Порта Македонија”, претепан полицаец

Околу 21.20 часот на улицата „Димитрие Чуповски“ во близина на Порта Македонија, едно непознато лице физички нападнало полициски службеник.

Лицето било приведено, но пред да биде внесено во службено возило дошло друго лице, кое исто така физички нападнало полициски службеник.

Двете лица се приведени во Полициската станица Центар и било утврдено дека станува збор за Д.М.(35) и Ж.М.(35) од Скопје.

По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.