Авионот на „Ер Србија“, Ербас А 319, на релација Тиват-Белград морал принудно да слета поради дефект на моторот 45 минути по полетувањето од аеродромот во Тиват околу 15:45, пренесе регионалниот портал СЕЕбиз.
Читателите на Nova.rs кои биле во авионот раскажале дека летот доцнел околу 45 минути и дека веднаш, пет минути по полетувањето, се слушнал силен тресок под авионот.
„Тоа беше нешто како удар на гром. Авионот ја губеше и ја менуваше силата, а една патничка видела искри под нејзините стапала и како гориво се испушта од резервоарот во морето. Околу половина час кружевме над Которскиот залив, а луѓето на копно забележаа дека од авионот излегува голема количина чад. Меѓу патниците имало и луѓе со мали деца кои почнале да плачат. Во првите десет минути екипажот не даде никакво објаснување, што предизвика уште поголема паника. Потоа не известија дека има дефект на моторот и дека мораме да направиме подготовки за слетување на аеродромот во Тиват. Следеше стандардна процедура во ваква ситуација и тоа дополнително ги исплаши патниците, особено странците.
„Во моментов механичарите го прегледуваат авионот, а патниците чекаат нови информации за летот, додека некои патници од страв се откажале од летот, па аеродромската служба морала да им пружи помош“, вели соговорникот.