Во Битола вчера Т.Т. (59) пријавил во полиција дека неговата ќерка М.Т. (33) го вознемирува. Тројца полицајци заедно со екипа на Итна медицинска помош се упатиле на местото на настанот.
Таму М.Т. физички се пресметувала со Т.Т. и со нејзиниот брат Р.Т..
-Полицајците се обиделе да интервенираат и да ја однесат М.Т. на преглед, но таа и нив ги нападнала. При обид да ја внесат во возило на Итна медицинска помош, полицајците биле физички нападнати од Т.Т. и нејзиниот брат Р.Т., а мајката С.Т. ги попречувала во преземањето службени дејства, информираат од полицијата.
Во еден момент Т.Т. турнал еден полициски службеник по скалите. Т.Т., Р.Т. и С.Т. завршиле во полициска станица, М.Т. во битолската болница, како и тројца полицајци на кои им биле констатирани телесни повреди.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.