Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера, околу осум часот утрината, разбојник влегол во домот на 52-годишниот С.С. во Булачани каде била сама неговата сопруга, 43-годишната Ј.С. Разбојникот ја нападнал, а кога Ј.С. се обидела да му го одземе ножот, тој и ја расекол раката. Потоа, ја однел во гаражата каде ја врзал и продолжил физички да ја малтретира, барајќи од неа пари.
Додека таа била беспомошна тој ја пребарал куќата и одземал 11.500 евра .
Полицијата работи на расчистување на случајот.