![Priveduvanje lisici](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/Priveduvanje-lisici.jpg?resize=620%2C348&ssl=1)
На 27.11.2022 околу 04:20 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода М.Х.(41) од Гостивар, кој претходно бил пријавен од неговата 42-годишна сестра дека физички ја нападнал и повредил неа и нејзиниот малолетен син.
Според пријавеното, М.Х. во нападот користел и остар предмет.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.