Драма во Русија: Напаѓач со нож избоде осум луѓе

Непознат напаѓач вооружен со нож денеска нападна случајни минувачи на улица во Сургут, Русија, град со 300.000 жители.

Во нападот се повредени најмалку осум лица, но нема загинати.

Полицијата го убила напаѓачот, потврдија официјални службеници.

Нападот се случил денеска во околу 11 часот и 20 минути по локално време.

Сите нападнати се пренесени во болница со повреди од убод од нож, а од нив двајца се во критична состојба.

Според последните информации, напаѓачот наводно на себе носел лажен експлозив.

Полицијата се обидува да ги идентификува напаѓачот.