Драматичен раст на бројот починати и заразени од коронавирусот во Италија за 24 часа

8 marzo 2020ANSA/MASSIMO PERCOSSI

Во Италија во текот на последното деноноќие драматично се зголемил бројот на починатите во епидемијата на новиот сој коронавирус Covid-19, и покрај воведувањето на карантин во Ломбардија и другите северни региони во настојувањата да се забави ширењето на вирусот, мерка којашто Светската здравствена организација (СЗО – WHO) ја нарече „смела“.

Агенцијта за цивилна заштита во неделата извести дека бројот на заразените со коронавирусот во последните 24 часата се зголемил за 25 отсто, или во бројки на 7.375 заразени лциа, а бројот на смртните случаи од последиците на заразата со вирусот дури за 57 отсто, за нови 133 смртни исходи на вкупно 366, што е најголем двене пораст откако во Италија пред две седмици беше прогласена епидемија.

Ограничувањата без преседан опфаќаат 16 милиони луѓе и ќе останат на сила до 3-ти април, а законот во текот на ноќта кон неделата го потпиша премиерто Џузепе Конте. Според новите мерки, странските туриски кои моментално престојуваат во Ломбардија и уште 14 северни региони погодени од коронавирусот, би требало да бидат изведени од таму, рече Конте.

„Нема да има пристигнувања во овие област, ниту излегувања од таму, освен во случај кога тоа е докажано поврзано со работата, некоја итна ситуација или здравствени причини. Мораме да го ограничиме ширењето на вирусот и да спречиме нашите болници да бидат пренатрупани“, изјави Конте на прес-конференција којашто се одржа по полноќ.

Спортстките настани, собирите и протестите се откажани, а забранети се и посети на кино-салите, театрите или музеите, како и собири на други јавни места.

Премиерот Конте појасни дека возовите и авионите и натаму ќе сообраќаат во и од погодените области, и додаде дека не треба да бидат нарекувани „црвени зони“. Станува збор за градови и села на северот од Италија, коишто се ставени во карантин поради коронавирусот. Сите коишто ќе ги прекршат новите правила се под закана од тримесечна казна затвор и парична казна во износ до 260 евра, според италијанските медиуми.

Во меѓувреме, директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аденом Гебрејесус, ги пофали мерките кои ги презема италијанската влада.

„Владата и италијанскиот народ преземаа смели чекори чија цел е забавување на ширењето на коронавирусот и заштиттата на населението на земјата. СЗО е солидарен со италијанскиот народ и натаму ве поддржува“, објави на Twitter Гебрејесус додавајќи дека Италијанците „вистински се жртвуваат“.

Италија бележи најголем број смртни случаи од заразата со Covid-19 од која и да е друга земја надвор од континентална Кина, каде што кон крајот на декември избувна епидемијата којашто досега усмрти повеќе од 3.500 луѓе и зарази повеќе од 100.000 лица ширум светот.

Аргентина стана првата латиноамериканска земја којашто пријави смртен случај од коронавирусот кој зафати досегз 95 држави и територии во светот. Заразата, исто така, веќе се прошири на 30 американски сојузни држави, усмртувајќи најмалку 19 луѓе. Њујорк е поселедната во низата која во САД прогласи вонредна состојба.

Светската здравствена организација го опиша моментот во кој бројот на случаите на вирусот ширум светот надминува 100.000 како „мрачен“. Меѓутоа, во Кина бројот на новите пријавени случаи во неделата во целата земја бил најмалиот во последните неколку седмици, а речиси сите 44 се во Вухан, административниот центар на централната провинција Хубеи, кој е жериштето на епидемијата.

Владата во Пекинг навести дека наскоро би можела да го укине карантинот воведен во Хубеи, каде што околу 56 милиони луѓе се во домашен карантин од крајот на јануари. Заразите во Кина, надвор од покраината Хубеи, се резултат на „увоз“ од странство, вклучувајќи ги враќањата од Итали и Шпанија во пекинг.

СЗО од своја страна оцени дека напорите на Кина и другите земји „покажуваат дека ширењето на вирусот може да се забави“, а дека патот на болеста дури е и „обратен, со примената на силните мерки за сузбување и надзор“.