Бројот на смртните случаи предизвикани од консумирање дроги во Германија се зголемил за 13 отсто мината 2020 година, главно поради пандемијата на коронавирусот, објави во четвртокот сојузната комисија за наркотици.
Минатата година 1.581 лице починало поради консумација на недозволени супстанции, што е за 183 случаи или 13 отсто повеќе во однос на претходната 2019 година, соопшти сојузната комесарка за дроги, Даниела Лудвиг.
Најголемиот процент од овие смртни случаи отпаѓаат на предозирање со опијати, како што се хероин и морфин. Во таа категорија е потврдена е смртта на 572 лица, а 432 починале од последица од долготрајно консумирање наркотици.
„Состојбата е подраматична отколку кога и да е поради пандемијата. Буквално од ден в ден опаѓаат семејните структури, опаѓаат и личната подготвеност за пружање помош и социјалните контакти“, предупредува Лудвиг.