На продолжението на првата седница на албанскиот парламент, доцна попладнево беа верификувани мандати на 140-те пратеници, меѓу нив и на Сали Бериша, кој откако дадоа заклетва, ја напушти собраниската сала.
Седницата продолжи со изборот на претседател. Предлогот за Линдита Никола го дадоа 16 пратенички од социјалиситичката партија и лидерот Еди Рама.
На тајното гласање учествуваа 137 пратеници. За Никола гласаа 79 пратеници додека четворица беа против.
– Ја прифаќам функцијата со голема одговорност и ќе го направам најдобро што можам, создавајќи простор прво за опозицијата, да ги искажат своите мислења, но почитувајќи сè што овој храм заслужува според Деловникот. Денеска, она што можам да го кажам е фактот дека со цело знаење и срце со голема одговорност ќе се потрудам да ги исполнам очекувањата што ги имате при овој избор. Бог да ја благослови Албанија и Албанците, рече Никола.
Опозицискте пратеници ја напуштија седницата кога Никола го почна обраќањето, откако најпрво почнаа со удирање по собранските клупи за да го спречат нејзиното обраќање.
Линдита Никола (56) е родена во Тирана, во 1989 година, дипломирала на Природно математичкиот факултет во Тирана, отсек математика, каде 2010 година магистрирала јавна администрација, насока Централна власт. Се усовршувала на повеќе унверзитети, во и надвор од земјата.
Со политиката се занимава од 2003 година, од кога била избрана на повеќе функции меѓу кои и пратеник а во еден период раководеше со министертвото за образование.
Линдита е сопруга на проф. д-р Лигор Никола, актуелен декан на факултетот за математичко инжињерство и физика во Тирана, со кого имаат една ќерка. Лигор е Македонец, родум од село Врница, област Голо Брдо. Како македонска снаа одлично зборува македонски јазик.
На тајното гласање се создаде тензична стуација во собраниската сала, откако опозициските пратеници од кои лидерот Љуљзим Баша побара да не ја гласаат Никола, почнаа да ги кинат гласачките ливчиња и да ги фрлаат на подот до гласачаката кутија. Тоа го стои и самиот Баша.
Дел од опозициските пратеници гласачките ливчиња не ги искинаа туку само ги фрлија на подот. Гласаа и гласачкото ливче го ставија во кутија лидерката на опозициското движење за социјалистичка интеграција Моника Круемади и тројцата пратеници од нејзината партија, кои потоа јавно кажаа дека гласале против, додека Вангел Дуле, лидер на партијата на Грците, која беше дел од опозициската изборна коалиција, гласал „за“, како и уште еден опозициски пратеник.
Она што беше воочливо е моментот кога Еди Рама отиде да гласа почна да ги собира искинатите ливчиња и да ги става во кеса.
Во новиот, собрански состав од вкупно 140 пратеници, Социјалистичката партија (ПС) има 74, изборната коалиција предводена од Демократската партија (ПД) 59, Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ) четири и Социјалдемократската партија, блиска на социјалистите, три пратенички места. (МИА)