Здравствената состојба на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ е критична поради внатрешно крварење по операција на дебелото црево пред два месеци, изјави неговиот адвокат Миодраг Стојановиќ за сараевскиот портал „Кликс“.
– Тој е под критичната граница, неговата рана не може да се лекува, поради што тој постојано крвари. Тој изгуби тежина, изгуби сила и не може да јаде. Тој во моментот се лекува во притворското одделение и нема напредок во однос на трансферот за лекување – вели Стојановиќ.
Претседателот на Механизмот за меѓународни трибунали (МИЦТ), Кармел Агиус, судот што ги наследи случаите на Хашкиот трибунал, најави дека преостанатите судења од поранешна Југославија – поранешниот командант на армијата на Република Српска (ВРС) Ратко Младиќ и Станишиќ и Симатовиќ – ќе бидат завршени во првата половина на 2021 година.