Вест Хем Јунајте и Хадерсфилд одиграа одличен меч со дури седум погодоци на „Олимпискиот стадион“ во Лондон, а на крајот домаќинот славеше со 4:3 иако половина час пред крајот губеше со 1:3.
Вест Хем поведе со 1:0 со голот на Нарк Нобл од пенал во 15 минута, но гостите возвратија со три погодоци во низа, а стрелци беа Жинињо Бакуња во 17 и Карлан Ахерејн-Грант во 30 и 65 минута. Во последните триесет минути „Чеканите“ тргнаа на сѐ или ништо и до крајот на дуелот успеаја да постигнат три гола за голем пресврт. Прво Анџело Огбона намали во 75 минута, а потоа Хавиер Ернандезз седум минути пред крајот израмни на 3:3. И кога се чинеше дека противниците ќе ги поделат бодовите, мексиканскиот напаѓач се запиша уште еднаш меѓу стрелците за третата победа во низа на Вест Хем.
Вест Хем моментално е на 9-то место со 42 бода, а Хадерсфилд речи и да нема теоретски шанси и следната сезона да игра во Премиер, последен е 20-ти со само 14 бодови, 14 помалку од местата кои обезбедуваат опстанок.
Драматично беше и на другите два стадиона во саботата. Лестер Сити на гостувањето го победи Барнли со 2:1, иако од четвртата минута играше со играч помалку. Хари Мегваер „поцрвени“ по само три минути и 11 секунди, што е најбрзиот црвен картон во Премиер од март 2015 година кога Герет Мекејли беше исклучен по само 90 секунди.
Гостите поведоа преку Медисон во 33 минута, а само пет минути подоцна домаќините израмните преку Мекнејл, а Морган во последните секунди од регуларниот дел на мечот погоди за победа на Лестер. Барнли останува во опасната зона со 30 бодови, на 17-то место, два повеќе од Кардиф кој е на позицијата која игра во плеј-офот. Лестер, пак, моментално е десетти со 41 бод.
Гол во последните моменти од натпреварот беше иден и на „Виталити“ стадионот каде што Њукасл извлече бод против Борнмут играјќи 2:2. Голот за еден бод го постигна Мет Ритчи во четвртата минута од судиското продолжение, откако гостите први погодија и во судиското продолжение но на првото полувреме преку Саломон Рондон. Двата гола за домашните ги постигнаа Џошуа Кинг во 48 минута од пенал и во 81 минута. Њукасл е 13-ти со 35 бодови и ќе мора да освои уште за да биде потполно сигурен, а Борнмут е 11-ти со 38 бодови.
Преостанатите два дуела од ова коло се играат во недела, Фулам – Ливерпул и Евертон – Челзи, додека четири натпревари се одложени поради ФА Купот: Брајтон – Кардигф, Вотфорд – Саутемптон, Вулверхемптон – Арсенал и Тотенхем – Кристал Палас.
На табелата води Манчестер Сити со 74 бодови, Ливерпул има бод помалку, а третиот Тотенхем има 61 бод. Следат Арсенал со 6, Манчестер Јунајтед со 58 и Челзи со 57 бодови.