![Drejmond Grin](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/Globe-De-mond-Grin.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Дрејмонд Грин, кошаркарот на од Голден Стејт Вориорс е суспендиран на „неодредено“ период откако го удри Јусуф Нуркиќ од Феникс Санс, објави НБА во четвртокот.
Во третата четвртина од гостувањето кај Вориорс, Нуркиќ ја држеше својата рака на колкот на Грин додека го чуваше, кога Грин остро се сврте, удирајќи го Нуркиќ со отворена тупаница во лицето. Феникс победија со 119:116.
Лигата соопшти дека ја земала предвид историјата на Грин за „неспортско однесување“ и дека од него ќе се бара да исполни одредени лигашки и тимски услови пред да се врати на паркетите.
Ова е втора суспензија за Грин оваа сезона. Во ноември тој беше суспендиран на пет натпревари, откако го фати за врат кошаркарот на Минесота Тимберволфс, Руди Гобер.
Минатата сезона Грин беше казнет затоа што нагази противникот, удри соиграч на тренинг, а во 2016 година го пропушти натпреварот број 5 од финалето против Кливленд Кавалирс поради кошкање со Леброн Џејмс.
Вориорс со скор 10-13 моментално се 11-ти во Западната конференција и во четврток играат со Клиперс во Лос Анџелес