Претседателот на собраниската комисија за Косово во српскиот Парламент, Милован Дрецун изјави за српски Курир дека пред два месеца бил формиран силен разузнавачки тим, кој работи скриен во голема западноевропска фабрика за автомобили во Скопје, а чиешто тајно делување било насочено кон блокада на постигнувањето на компромисно решение меѓу Белград и Приштина.
Според неговите зборови, тоа го прават разузнавачи од Бугарија, Албанија, Северна Македонија и Германија.
Дрецун истакна дека во одредени соседни земји се води силна кампања против постигнување на било какво компромисно решение помеѓу Белград и Приштина и додаде дека Македонија станува центар на силно разузнавачко делување против интересите на Србија, пренесе „Вечерње новости“.
Секое постигнување на компромисно решение е столб за стабилизација на овој регион, а непостигнувањето на компримис помеѓу Белград и Приштина е подготовка за нови немири во регионот и создавање на ‘Голема Албанија’“, изјави Дрецун.
Истакна дека македонската власт мора да одговори која е целта од формирањето на разузнавачки тим, чијашто цел е да ѝ наштети на Србија.
Целта на овие разузнавачи е да го блокираат решението на проблемот меѓу Белград и Приштина.
Според Дрецун тимот разузнавачи е составен со оперативци од Бугарија, Албанија, Северна Македонија и Германија.
Тој изјави дека во некои соседни земји се води силна кампања против било каков договор со Приштина и додава дека Северна Македонија станува центар за силно разузнавачко делување против интересите на државата Србија.
Секое решение за Косово и Метохија е столб на стабилизација на регионот, а непостигнувањето компромис е подготовка за дестабилизација на регионот и создавање на Голема Албанија, изјави Дрецун.
Тој бара одговор од македонската Влада која е целта за формирањето на овој разузнавачки тим и чија е целта целосно да ѝ се наштети на Србија.
Што може тие да работат, освен да собираат и шират дезинформации. Тимот не е формиран да штити наши интереси, туку сосема спротивното. Тоа воопшто не е наивно и секој момент може да изведат медиумска или политичка диверзија, дури и да предизвикаат немири, предупредува Дрецун.