Дрекселмајер додели пет стипендии

Kомпанијата Дрекслмајер vо рамки на својата стипендиска програма денес додели пет стипендии за најдобрите кандидати, кои аплицираа за Дрекслмајер стипендијата.

Стипендиската програма се однесува на студентите од Електротехничките и Машинските факултети од земјата, кои во моментот се во четвртата година од студиите. Таа опфаќа месечен паричен надомест во текот на следните шест месеци, како и овозможување на двомесечна пракса во фабриката Дрекслмајер во Кавадарци.

По спроведените интервјуа и селекции беа избрани најдобрите кандидати, кои ги исполнуваат предвидените услови.

dreksss_2

DRÄXLMAIER Group е глобална семејна компанија со седиште во баварскиот град Вилсбибург, која брои околу 55.000 вработени во повеќе од дваесет земји во светот. Компанијата од своето основање во 1958 година развива и произведува модерни електрични системи, екслузивен ентериер и централни електрични и електронски компоненти, со јасен фокус на премиум сегментот во автомобилската индустрија.

Согласно долгорочната стратегија за поддршка на младите луѓе, нивниот професионален развој како и општествената одговорност која ја презема компанијата, Дрекслмајер како партнер на регионот има во план да ја прошири својата стипендиска програма и за студентите кои се во пониските години на студирање.

Стипендистите кои успешно ќе ги завршат студиите и ќе се истакнат со својот ангажман и активности за време на праксата, ќе имаат можност да потпишат договор за вработување и да се придружат на тимот на вработени во Дрекслмајер.