
Археолозите откриле скелети на повеќе од 140 деца и 200 лами на коишти им се искорнати срцата за да се смилостиват боговите во масовно жртвување во Перу во XV век, се наведува во статијата објавена во четвртокот во магазинот PlosOne.
Телата на деца на возраст меѓу 5 до 14 години и лами се пронајдени на археолошкото наоѓалиште Хуанлакуито – Лас Љамас во Перу. Областа била дела од царството на народот Чиму, доминантна култура на перуанското крајбрежје пред да бидат поразени од Инките. Археолозите на наоѓалиштето работело цели пет години и откриле стотици тела погребани на област од 700 квадратни метри.
Станува збор за веќе познат ритуал на жртвување деца во некогашниот Нов свет, тврдат научниците. Трагите од резови на коските и разместувањето на ребрата сугерираат дека на децата и ламите им бил отворан градниот кош, за да може да им бидат отстранети срцата. Дебелиот пласт од кал над откриените скелети, пак, укажува на тоа дека на жртвувањата им претходела голема бура, поплава и свлечишта на почвата, што е можно да го поттикнало масакрот за да се одоброволат боговите и да се запре невремето, сметаат стручњаците.
Американскиот археолог Џон Верано, член на научната група која го истражувала локалитетот, вели дека „сите биле изненадени од откритието“. „Во етноисториските извори немаше никакви навестувања дека се случи толку големо жртвување на деца и животни“, вели.