Дрин Ахмети тврди дека пиротехниката била купена легално

Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети тврди дека пиротехниката која беше најдена во багажникот на неговиот џип била купена легално.

-Во овој момент, нема да коментирам детали бидејќи во тек е истрага и постапка, а мојот правен тим работи на тоа. Можам да го кажам само ова, пиротехниката беше купена легално, а сите други подароци во автомобилот беа за моите внуки и внуци, изјави Ахмети во изјава за порталот „Скопје 1“.

Од Обвинителството пак денеска велат дека сѐ уште се вештачи запленетата пиротехника а јавниот обвинител ќе одлучува за натамошниот тек на постапката.

Тој на 30 декември беше приведен во полициска станица откако полицајци го сопреле неговото возило и во него нашле 749 парчиња пиротехнички средства.