Дрога и оружје пронајдени при претрес во Пробиштип

Дваесетгодишник од Пробиштип е аупсен во вторникот, откако при полициски претрес на неговиот дом биле откриени извесни количества наркотици и повеќе парчиња вооружување, соопшти во средата Министерството за внатрешни работи.

 

 

Вчера полициски службеници од ОВР Пробиштип, во координација со полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во СВР Штип, а по добиена судска наредба, извршиле претрес во дом и други простории на две локации во Пробиштип во кој престојува 20-годишниот А.Д. од Пробиштип, при што пронајдени и одземени биле: марихуана, амфетамин, 5 малокалибарски куршуми, 5 празни рамки за автоматска пушка, тромблонски додаток за автоматска пушка, воздушна пушка марка „кандар“ калибар 5,5 мм и 200 дијаболи за воздушна пушка.

Се работи на документирање на случајот, по што против А.Д. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Проведениот се соочува со затворска казна доколку во натамошната постапка биде докажано сомнението за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.