Дрога откриена во домот на 19-годишник во Куманово

Во саботата утрото околу 9,30 часот на улицата „Стево Филиповиќ“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 19-годишниот К.Г. од Куманово.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, семки и делови од стебла од растението канабис, саксија со растението канабис, информира МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.